>>

 

Сонцето е еден од најдобрите извори на витамин Д, исто така познат како витамин на сончева светлина кој видно го подобрува расположението и го спречува развојот на голем број заболувања. Сончевата светлина може да биде наш пријател доколку правилно се изложуваме, во спротивно се добива спротивен ефект кој може да биде штетен за нашето здравје.
Што всушност е SPF и зошто треба да внимаваме на заштитата?
Силните сончеви зраци може да и наштетат на нашата кожа доколку навремено не се заштитиме од нив. SPF (Sun Protection Factor или фактор за заштита од сонцето) означува колку време можеме да поминеме на сонце со некое заштитно средство без кожата да ја изложиме на оштетување. Колку е повисок заштитниот фактор, толку е поголемо неговото заштитно делување. Во летниот период потребно е безгрижно да уживаме во сонцето така што треба најпрво да се информираме како да се заштитиме од UVA и UVB зраците и со тоа да го намалиме ризикот на заболување од меланом. Според истражувањата, треба да употребуваме креми чиј заштитен фактор е најмалку 15. Затоа сериозно треба да се сфати заштитата на кожата со соодветна крема со висок заштитен фактор.
За правилна заштита на вашето лице ви предлагаме да користите дневна крема за заштита од сонце со SPF 50, SKIN WATCHERS UV Success Sunscreen која обезбедува сигурна заштита од УВ зраците. Текстурата е совршено нежна и освежувачка. Вашето лице ќе ја обожува и како основа за шминка. Оваа крема ја штити ефективно и најнежната кожа од опасните сончеви зраци во период од 12 часа.
Природната состојка во формулата за заштита од сонце на SKIN WATCHERS UV Success Sunscreen е алое вера, која е позната како кралица на лековитите билки за третман на кожата. Општопознато е дека маста од алое вера ја зацрвстува кожата, ја прави пофлексибилна и ја лади. Создава слој врз кожата, има смирувачки ефект и се користи за спречување на појавата на дамки на лицето. SKIN WATCHERS ви нуди двоен ефект кој ќе му помогне на Вашето лице да остане свиленкасто меко, нежно и заштитено од сончевите зраци дури и во најтоплите денови во годината, секако користејќи ги тајните на светски познатата корејска козметика.