>>
Нивните производи се мултифункционални, со исклучителен квалитет, преслатко спакувани и далеку под цената на помалку квалитетните сродни производи од западните козметички куќи.
Kоја е разликата помеѓу корејските производи и западните?
Иновации
ББ креми, креми со екстракт од полжав, пчелин и змиски отров, есенции, “sheet” маски, масла за чистење, масла за чистење лице, пудри кои се нанесуваат со сунѓерчиња – “cushion foundation”, се трендови кои ни доаѓаат директно од Азија.
Нежни формули
Ефективноста на природните билки се пренесува од генерација на генерација. Традицијата продолжува и денес, па се избегнуваат јаки хемикалии и штетни супстанци. По употреба кожата станува кадифена, мека, сјајна и чиста.
Уникатни состојки
Кремите со екстракт од полжав, пчелин и змиски отров даваат резултати кои никогаш порано не сте можеле да ги постигнете.
Резултати
Филозофијата на корејската козметика се фокусира на подобрување на кожата “одвнатре”. Нивното убедување е дека кожата не треба да се третира само на површината. И затоа корејската козметика се концентрира првенствено на чиста и здрава кожа, која е добро хидрирана и нахранета. Тие веруваат дека, доколку се почитува нивната традиција и искуство, резултатите траат вечно.