>>

 

Листовите од чајно дрво се популарна и ефикасна состојка кoja во последниве години се повеќе се користи во козметиката ширум светот, а потекнува од корејската традиција за создавање на ефективна, природна козметика. Чајното дрво има антимикробни и антибактериски својства при мрсна и проблематична кожа. Го намалува црвенилото на кожата и спречува понатамошна појава од акни, го контролира себумот оставајќи ја кожата нежна, хидратирана и свежа. Дополнително е познато и по својствата за намалување на дехидратацијата, зголемување на еластичноста и свежината на кожата, како и по ефективното смирувачко дејство. Помага и во третирањето на сувата кожа, кожа склона кон акни, пеги, флеки, црнки, дамки на лицето како и на останатите несовршености на кожата.
Ползувајќи ги докажаните квалитети на листовите од чајно дрво, корејскиот бренд SKIN WATCHERS ја создаде серијата од чајно дрво којашто ја штити и смирува кожата, а истата е веќе достапна и кај нас. Доколку имате мрсна и проблематична кожа, мора да знаете дека таа има потреба од посебна нега или, уште подобро, нега богата со природни состојки. Серијата на SKIN WATCHERS со чајно дрво, составена од тоник и интензивен гел за третирање на мозолчиња е вистински волшебник кога се работи за третирање на кожата и се дефинитивно едни од оние производи кои задолжително треба да ги поседувате во вашето катче за убавина. Доколку сакате комплетно прочистување на кожата, SKIN WATCHERS ви го нуди најдоброто од природата. Без алкохол, парабени и минерални масла, смирувачко и освежувачко дејство, исклучително погодно за проблематична кожа.
Производите се достапни со нарачка преку порака на нашата facebook страна, а истите можете да ги најдете и во следните аптеки на Еурофарм во Скопје: Рамстор Центар, Рамстор Ново Лисиче, Еурофарм Плоштад, Еурофарм Разловечко, Еурофарм Тафталиџе, Еурофарм Веро 2 и Еурофарм Веро Центар.